Викендов започнаа мечевите во лигата за пионери во Езерскиот регион.

Веднаш на стартот се одигра дербито на сезоната во кој се сретнаа пионерите на охридските Евро Фудбал и Охрид.


Пионерите на Евро Фудбал

Возбудлив и мошне интересен натпревар одиграа пионерите кој заврши со дури седум погодоци 4-3, а на крајот се радуваа пионерите на Охрид.


Пионерите на Охрид

Стрелци на головите за Еврофудбал беа Љупчо Трпески и на два пати Ѓоко Ристески. Стрелци за победничката екипа беа Мирчески Филип, Кире Маркоски, Филип Миленкоски и Кристијан Ставрески.

Според она што можеше да го видиме на теренот на охридскиот фудбал му претстои светла иднина.

М.П.