Љубителите на „белиот“ спорт и Австралија Опен, во краток временски период добија една позитивна и негативна информација. Позитивната е вајлд картата за учество на Енди Мареј, а, негативната е повлекувањето на Рожер Федерер.
Шесткратниот првак на грен слем турнирот во Мелбурн се најде на листата учесници, објавена минатата седмица, но нема да игра во Австралија, поради рехабилитацијата од двете операции на десното колено
Федерер одлучи да не учествува на првиот грен слем турнир. Последниве неколку месеци многу напредуваше, но се уште не е во натпреварувачки ритам. После разговорите со медицинскиот тим, заклучено е Федерер да не игра во Австралија и враќањето на тенисот да го одложи за уште некој месец. – изјави агентот на Федерер, Тони Годсик.
Мареј, пак, со вајлда карта ќе учествува и ќе се врати на терените во елитниот тенис. Организираторот без мислење му одобрил вајлд карта на петкраниот финалист на Австрија Опен.
Заминувањето на Мареј по Австралија Опен во 2019 година, беше емотивен момент и неговото враќање по голема операција и закрепнување ќе биде врв на Австралија Опен во 2021 година. – изјави директорот на Грен слем турнир во Мелбурн, Крег Тајли.
Претходно, ќе потсетиме, 33-годишниот Британец, сега заземајќи ја 122-та позиција на рејтингот, доби вајлд-карта за турнирот во „Делреј Бич“, кој ќе започне во првата недела од сезоната.
OhridNews