Триковите за свеж и одморен изглед се всушност многу едноставни, ако ги послушате советите на визажистите, бидејќи е доволно да примените два-три зафати на лицето и ќе изгледате како цел викенд да сте одмарале и уживале.
Третманот започнете го со чистење на лицето со безалкохолен лосион кој нема да ја исуши кожата, туку ќе ја задржи свежината и влажноста во текот на целиот ден.
Потоа на лицето оди тонирана крема наместо тешка течна пудра, бидејќи не е претерано упадлива и дозволува на лицето повеќе одмор.
Термалната и обичната вода ќе ве освежи и ќе ви даде доволно енергија за целиот ден ако сте во затворен простор, и уште две-три длабоки воздишки во тек на паузата и ќе издржите до крај на работното време свежи и одморени.
Пудрата во прав ќе направи се што треба за да го матирате лицето, а нека биде во чантата за секој случај ако некои делови од лицето почнат да сјаат во текот на денот.
Подгответе се и спремни сте за предизвиците кои ги носи работниот ден.
извор:metro-portal.hr