Едно тригодишно момче станало најмладиот британец кој се лечи од алкохолизам. Момчето доспеало на болничко лекување откако во период од шест месеци редовно конзумирало алкохол. Детето, чиј идентитет не бил откриен, е едно од тринаесетте деца кај кои бил дијагностициран алкохолизам во периодот од 2008 до 2010 година.


Во истиот тој период уште 106 тинејџери на возраст помеѓу 13 и 16 години биле подложени на терапија за одвикнување од алкохолот. Експерите истакнуваат дека овие податоци укажуваат на фактот дека алкохолот е лесно достапен и дека неговото конзумирање станало скоро нормална појава.