Едно тригодишно момче го преспало ударот од гром кој направил дупка во неговата соба. Родителите на Елис Робертс го пронашле како цврсто спие прекриен со парчиња од ѕидови и прашина. Од молњите прегореле сите светла и електричните апарати во куќата и соседството.
-Имавме среќа. Можеше да биде многу полошо-рекла мајката на момчето која има уште еден син кој има 1 година.


Мајката спиела кога слушнала нешто што звучело како огромна експлозија. Во првиот момент не знаела што се случило. Соседите излегле на улица. Се воспоставило дека удрил гром во задниот дел од нивната куќа. Циглите кои летале од експлозијата направиле дупка во собата на Елис. Елис, несвесен за драмата која се случувала околу него, не се ни разбудил.