Бразилските пожарникари пронашле позади креветот во една куќа на северот на земјата алигатор долг 1,5 метри со кој си играло тригодишно момче. Алигаторот во таа куќа успеал да се најде после поплавите кои ја зафатиле таа област, а бил пронајден наредниот ден откако водата се повлекла.


Капетанот на противпожарната бригада, Луис Фаријас, навел дека сопственичката на куќата во која бил пронајден алигаторот, видела како нејзиниот син си игра со нешто позади креветот. Подоцна се воспоставило дека тоа било алигатор. Фаријас додал дека жената го зграбила детето и ги повикала пожарникарите. Тој додал дека момчето преживеало бидејќи алигаторот најверојатно бил сит.