Тригодишната Алексис Мартин од Аризона е вброена меѓу најпаметните луѓе на светот. Имено, нејзиниот коефициент на интелегенција е над 160 и неодамна станала еден од членовите на МЕНСА, со што се приклучила на најпаметните луѓе на светот меѓу кои се и Бил Гејтс, Стивен Хаукинг и Алберт Ајнштајн. Девојчето научило да чита кога имало само две години. Сама го совладала и шпанскиот јазик, а на тестот на МЕНСА едноставно била брилијантна.
Нејзиниот татко вели дека кога има само две години забележале дека е поинаква од останатите деца. Приказната која и ја кажувале пред спиење следниот ден веќе ја знаела напамет, од збор до збор. Алексис учи самата од книги за петто одделение основно училиште, а занимација и е учењето нови зборови, кои, како шти тврди нејзиниот татко, никогаш не ги става во погрешен концепт.