Тригодишната Занг Даојан во една зоолошка градина во Кина одела по јаже осум метри над кафезот во кој имало шест сибирски тигри. Гледачите почнале да вриштат кога по неколку чекори се занишала под влијание на силниот ветер, но храброто девојче продолжило и покрај тигрите кои се обидувале да ја достигнат.


Иако повеќето луѓе во публиката биле згрозени, претставникот за медиумите рекол дека најмладата акробатка на светот е спремна за такви настапи. Девојчето ќе престане да настапува кога ќе наполни седум години бидејќи тогаш ќе мора да оди на училиште.