Тригодишно детенце коешто исчезнало во сибирската тајга е пронајдено по три дена живо и здраво, објави руското министерство за вонредни состојби, пренесува „Макфакс“.

Тригодишното момченце во неделата ноќта исчезнал од својот дом во село крај Тува на југот од Сибир. Оставено без надзор од бабата и дедото, момченцето излегло со своите кучиња кои го одвеле во тајгата, шума која е меѓу тундрата и степата, со голем број диви животни, од мечки и волци до рисови и лисици.

Тридневната потрага во којашто учествувале повеќе до стотина полицајци и спасувачи, кучиња трагачи, хеликоптер и беспилотно летало, не дала резултат. Момченцето на крајот во средата слушнало како го довикува неговиот вујко и одговорило, Се наоѓало неколку километри од своето село.

Првата работа којашто ја побарал, била неговата играчка автомобил, пренесуваат локалните медиуми.

Детето преживеало веројатно поради тоа што несфаќајќи ја опасност не паничело. Откако за загубило, прво ја изело чоколадата која ја имал в џебот, а потоа пронашло суво место под папратите и заспало.

OhridNews