Од 1-ви август, 2024-та година, Триглав Осигурување во Охрид продолжува со работа во нови простории, на улица „Партизанска“ бр.10, во близина на студентскиот дом.
Со задоволство ве информираме дека канцеларијата на Триглав Осигурување во Охрид се премести на нова локација. Посетете нè на „Партизанска“ бр. 10, во близина на студентскиот дом. Преместувањето на оваа локација е резултат на нашата континуирана посветеност да обезбедиме исклучителна услуга и достапност за нашите клиенти, велат од Триглав Осигурување.
Новата канцеларија, удобно сместена во срцето на Охрид, потенцираат, ќе продолжи да ги нуди сите осигурителни производи и услуги.
Повеќе информации можете да најдете на веб страната triglav.mk.
OhridNews/PR