Десното крило Петар Николиќ е најновото засилување за охридскиот ракометен состав пред почетокот на новата сезона во Супер лигата.

Николиќ, кој во минатото има настапувано за Куманово и Пролет треба да ја засили конкуренцијата на крилните позиции.

Првиот избор на десната крилна позиција Аце Трифуноски потпиша нов договор и следната сезона ќе биде страв и трепет за противничките голмани.

Почетокот на подготовките се очекува да почнат на средината од првата недела од месец август.

Мх.П.