Со девет погодоци десното крило Аце Трифуноски беше најсветла точка во охридската екипа во поразот на домашен терен од Зомимак во 12-та рунда од Супер лигата.
– Евидетно беше на теренот дека екипата на Зомимак за две класи е подобра од нашата. Ние се боревме, не се предадовме лесно и грчот на почетокот од мечот си го направи своето што гостите максимално го искористија – рече Трифуноски.
Првите десет минути од двете полувремиња Охрид постигна само четири погодоци што е причина за негативата, која беше недостижна подоцна во мечот.
– Незнам што се случува со нашиот напад на домашен терен. Дали се работи за некоја психолошка бариера или пак нешто друго сериозно станува напш проблем. На гостински терен играме далеку подобро, но тоа не е никакво оправдување – заврши Трифуноски.
Мх.П.