Охридскиот ракометен клуб и десното крило Аце Трифуноски ја продолжија соработката откако двете страни се договорија за нов едногодишен договор.
Преговорите меѓу клубот и ракометарот беа долги, но на крајот вродија со плод пуштајќи рака за нова соработката.
Третата сезона во суперлигашкото друштво „гладијаторите“ ќе ја почнат со видно изменет состав од минатата.
Нови ракометари во охридскиот состав се интернационалците Дарко Павловиќ (десен бек), Јосип Кезиќ (лев/среден бек), Елдин Вражалица (пикер) и Малик Хогас (десно крило).
Од клубот заминаа Борче Соколов (Макс Струмица), Константин Вешоски (Монтелимар) и Бојан Белевски (Радовиш), а без клуб се уште се Милан Левов, Атанас Поп-Стефанија и Тодор Анѓелкоски.
Почетокот на шампионатот е закажан за средина од месец септември, а ждребката за нова сезона е в сабота со почеток во 11 часот.
Ohridnews