На патеката „Горица – Охрид” во должина од 2,5 км., ќе учествуваат пливачи од Македонија, како и од САД, Австралија, Холандија, Србија, Бугарија и Франција.
Пливачите Ќе се натпреваруваат во две категории и тоа:
– пливачи со 16 години старост и постари, со старт во 15:30 ч.
– пливачи помлади од 16 години старост, со старт во 17:00 ч.
Учество на Илнденскиот пливачки маратон 2009 пријавија 70 пливачи од кои 47 мажи и 23 жени. Најмладиот пливач е роден 2000 г., а најстариот 1951 г.