Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид, четири лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Охрид-1, Струга-2, Кичево-1). Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206 „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Во истиот период, полициските службеници констатирале 65 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-33, Струга-09, Кичево-14, Дебар-09). Ним, издадени им се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид – 19.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 201 лица (Охрид-88, Струга-87, Кичево-26). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 84 контроли (Охрид-39, Струга-31, Кичево-14). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 127 лица (Охрид-20, Струга-46, Кичево-16, Дебар-45). Врз овие лица, извршени се 95 контроли (Охрид-20, Струга-25, Кичево-16, Дебар-34). Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 84 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-17, Струга-18, Кичево-49).

Полицијата информира и за две нарушување на јавниот ред и мир со тепачка во Лескоец, при што едно лице било приведено, по што било пренесено во општата болница, без да се наведат повеќе детали, а уште една тепачка се случила во струшко Октиси.

OhridNews