Американски астрономи од опсерваторијата Маунт-Лемон, открија нов астероид кој во понеделник, на 28-ми мај, ќе пролета крај Земјата на растојание од 56 илјади километри, објави Центарот за мали планети при Меѓународната астрономска унија, пренесува „Макфакс“.
За првпат во историјата астероидот кој е означен како 2012 КП24, беше забележан во средата на 23-ти мај. Астрономите спровеле досега 12 набљудувања на овој вселенски објект, што овозможи да се открие неговата орбита. Пресметките покажаа дека астероидот 2012 КП24 се однесува како астероидите од семејството Аполон, чии орбити се сечат со орбитата на Земјата и со орбитата на Марс. На овој вид припаѓаат околу две-третини од познатите астероиди, чиишто орбити се во близина на Земјата (НЕА).
Според податоците на астрономите, во понеделник на 28-ми мај, во 16.18 часот по Гринич (18,8 часот по македонско време) астероидот 2012 КП24 ќе мине крај Земјата на растојание од 0,00037 астрономски единици, односно 56.040 километри. Научниците проценуваат дека дијаметарот на вселенско тело изнесува меѓу 11 и 36 метри.
Следниот пат кога овој објект ќе се врати кон Земјата е на 8-ми октомври 2012 година, но ќе пролетаат многу подалеку, на оддалеченост од 0,43 астрономски единици или 64 милиони километри.
Папата Франциск денес беше испратен до вечното почивалиште во римската базилика Света Марија Велика во Ватикан Погребната поворка која го носеше ковчегот со Папата тргна од базиликата Свети Петар, ...
На 25042025 во 2050 часот во СВР Охрид, 38 годишно лице од Охрид пријави дека од домот се оддалечила неговата 26 годишна сопруга Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од СВР Охрид...
Од денес достапни две нови услуги од Основните судови, Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица на Националниот портал за електронски услуги ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.