Триесетдневен притвор му е одреден на таткото од Кичево кој ја претепа својата двегодишна ќерка која почина од здобиените повреди.
Осомничениот Ф.Д, според информациите од СВР Охрид, е спроведен во затворот во Битола.
Според соопштението од СВР – Охрид, приведениот на 18 декември околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која првично била пренесена во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде на 8 јануари им подлегнала на повредите.
OhridNews