Во Бугарија во тек е специјална полициска акција со цел да се спречи кражба и нелегална продажба на автомобили. Во акцијата досега се приведени 30 лица.

Акцијата започна во Перник, каде се очекуваат клучни апсења, а во тек се претреси на куќи, гаражи и отпад од автомобили, пишува порталот „Новините“. Освен во Перник, акцијата се спроведува и во Софија, Варна, Ќустендил и Дупница.

Предмет на интерес на акцијата, по налог на Обвинителството, се уредите што ги користи автомафијата за отклучување и палење автомобили.

Според неофицијални информации, акциите во Варна се поврзани со пробивање на каналите за извоз на украдени автомобили од земјава, кои се пренесуваат на Блискиот Исток и Русија.

OhridNews