Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се две починати лица и 30 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од 20 новозаразени, од Куманово се 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1.

Од регистрираните 30 оздравени пациенти, од Скопје се 21, Куманово, Прилеп и Виница – по 2, Кочани, Гевгелија и Берово – по 1.

Пријавени се две починати лица: од Скопје (63г и 78г), двајцата се починати во болнички услови.

Во Охрид во моментов има 17 активни случаи.

OhridNews