Поради основано сомнение дека е сторител  на пет  кривични дела од кои три , Проневера во службата,“ едно кривично дело   ,,Злоупотреба на службена положба и овластување,“ и едно продолжено кривично дело ,,Фалсификување или уништување деловни книги,“ СВР Охрид на ден 17.07.2008 година поднесе кривична пријава против лицето П. А.  роден 1954 година од Охрид, управник во ,,Универзитетското одморалиште-Конгресен центар Охрид. Истражен судија при Основниот суд во Охрид му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.
 
Пријавениот во периодот од 2005 до 2007 година, како раководител на Конгресниот центар,со искористување на службената положба и овластување  како и со неизвршување на службената должност, во три наврати противправно присвоил вкупно 488.468,оо денари. Парите, уплатени во готово, на П.А. му биле доверени во Службата од прометот за сместување на гости во одморалиштето кој наместо да ги внесе на сметка на Универзитетот и книговодствено да ги евидентира, противправно ги присвоил за себе.  

Во повеке наврати, лицето П.А. поголемиот  дел од примените парични средства во готово од гостите и одржаните семинари, ги земал за себе а помалиот дел ги уплакал на сметка на Универзитетот. За одржаните конгреси и семинари во Конгресниот центар, управителот П.А. примал парични средства и на својата приватна тековна сметка од каде потоа ги подигнувал и противправно ги присвојувал.

Пријавениот, на име ,,награди,“ за себе и за уште неколку други вработени, во Декември 2007, пред Новогодишните празници, одобрил исплата на парични средства во износ од 100 Евра, при што употребувал стар печат и  книговодствено не ги евидентирал  со што за себе и за други вработени овозможил стекнување на противправна имотна корист на штета на Одморалиштето.

Во извршувањето на наведените дејствија, пријавениот не составувал благајнички и книговодствени  извештаи, средствата не ги внесувал на жиро сметка на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј,, а покасно дел од финансиската документација ја  прикрил или уништил со цел да ги прикрие трагите на сторените кривични дела.

СВР Охрид располага со сознанија дека пријавениот има проневерено и други  средства од готовински  уплати за сместување во одморалиштето и за  нецелосно прикажување на  прометот на рецепцијата,  за што се преземаат мерки за нивно расчистување и целосно расветлување на овој случај.

извор: СВР Охрид