Истражен судија доцна попладнево му одреди триесет дена притвор на припадникот на единицата за специјални задачи „тигри“, Игор Спасов, кој што е осомничен дека во неделата навечер до смрт го претепа скопјанецот Мартин Нешковски, јавува „Макфакс“.
Од Основниот суд 1 брифираат дека Спасов и пред истражниот судија се бранел со молчење.
Попладнево на Спасов му беше поднесена кривична пријава за „убиство“ и со силно полициско обезбедување беше изведен пред истражен судија.
Спасов и пред полицајците не ги кажал мотивите за убиство на момчето. Во неделата, 40 минути по полноќ Спасов го претепал до смрт Мартин Нешкоски за време на изборната прослава на ВМРО-ДПМНЕ.
OhridNews
извор: „Макфакс“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com