Притворениот Асани кој од порано и бил познат на полицијата како наршител на јавниот ред и мир , во вторникот на излезот од Струга, откако со своето возило „форд“ го попречил патот на возило „голф“ во кое имало три лица, го онеспособил возачот удирајќи го со пиштол од кој потоа испукал три куршуми кон Џемаил Исламили, 51-годишен жител на селото Делогожда и кон неговиот 25 годишен син Мефаил, инаку дописник на весникот „Коха е ре“. Во критична состојба тие биле пренесени во струшката болница, каде и покрај напорите Џемаил им подлегнал на повредите, а Мефаил е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.
Триесет дена притвор за струшкиот убиец
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com