Охрид, кој одамна е познат како многу важна културна и туристичка дестинација, е домаќин на изложба на керамика од познати хрватски автори, што од 20 до 30 јуни се одржува во центарот за култура “Григор Прличев”, пренесуваат хрватските медиуми. Тие го опишуваат настанот како убава можност за претставување на хрватската култура, особено што со оваа изложба го најавува богатото Охридско културно лето.

На изложбата што ја отвори академскиот сликар Славко Упевче, можат да се видат 79 дела од 55 автори.

Заедно со хрватските уметници, надвор од конкуренција за награди, на изложбата се претставуваат и уметниците од Европската унија: Мерик Халик (Естонија), Ивана Иванова Енева (Бугарија), Бруно Гамбон (Италија), Елжбиета Гросеова (Чешка), Франц Шталер (Германија) и Даницабонтар (Словенија).

Изложбата на уметнички дела од керамика на хрватски автори е втора од ваков тип во Македонија, по таа што во далечната 1985 година  се одржа во Скопје. Автор на двете изложби е Ханибал Салваро, а годинешната се реализира во соработка со Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

OhridNews