Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа кај Лариса во која најмалку 32 лица го загубија животот.
Знамињата на сите јавни објекти ќе бидат на половина копје и одложени се сите јавни настани. Паралелно, Мицотакис заминува за Лариса.
Бројот на загинати се згилемува и според последните информации најмалку 36 лица го загубија животот, а 66 лица со повреди се хоспитализирани во грчките болници.
Грчките медиуми објавија дека меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома во студентските кампуси.
Според официјалните информации од портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис операцијата за пронаоѓање на исчезнати е во тек и акцијата е фокусирана на првите три вагони. Со помош на специјални кранови се отстрануваат делови од возот за да се создадат услови за целосен пристап во вагоните.
Интервенираат 150 пожарникари со 17 возила, четири кранови, а на располагање се 30 возила на брзата помош. Според грчките медиуми, меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома или во студентските кампуси.
Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз. Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.
Првиот вагон веројатно е целосно изгорен, а биле извлечени и јагленосани тела.
Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за една од поголемите, ако не и најголемата железничка несреќа во Грција.
OhridNews
Фото: ЕРТ/ФБ