Под палката Златко Кескоски (сенсеи шести дан) во Охрид се одржува ЈКА карате семинар кој ќе трае од петок до недела.

На семинар учествуваат каратисти од повеќе градови ширум земјава, а практичното предавање е во спортската сала во средното училиште „Економски“.

В недела на пладне сите каратисти пред очите на Кескоски ќе полагаат за еден чекор понапаред во карате вештините.

Мх.П.