Екипата на Васланд Беверен сензационално забележа победа над Бриж 2-1, а најзаслужен за тоа е македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигнувајќи го победничкиот погодок.
Тричковски на своите им пресуди во 52-та минута од мечот кога го реализираше вториот погодок за неговиот тим. Претходно Беверен имаше негатива од 1-0, а Бојовиќ ја анулираше предноста на домаќинот.
За да биде куриозиетот поголем репрезентативецот на Македонија против својот екс клуб го постигна првиот гол за новиот. Тој во Белгискиот шампионат се пресели од Израел каде настапуваше во тимот на АПОЕЛ.
Мх.П.