Вечерва во Лигата на шампионите, во фудбал ќе се одиграат пет реванш натпревари од „плеј-оф“ фазата, по која ќе бидат познати уште пет патници во фазата по групи во елитното натпреварување.
Најинтересен меч за македонската јавност ќе биде пресметката на Кипар, каде АПОЕЛ чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Иван Тричковски ќе се обиде да ја надополни негативата од еден гол кој по првиот меч ја има Висла Краков.
Динамо Загреб и Баерн Минхен по убедливите победи на првите натпревари против Малме, односно Цирих, ќе треба само да го потврдат својот пласман во главната фаза. Виљареал на „Ел Мадригал“ ќе ја брка предноста од 1:0 која ја има Одензе, додека Генк во реваншот влегува со негатива од 1:2 против Макаби Хаифа.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com