Кипарскиот АПОЕЛ со пласманот во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони, го привлече своето внимание на трансфер пазарот. Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски беше поврзуван со рускиот Рубин Казан додека најновата информација говори дека тренерот на “Тричко“, Иван Јовановиќ ќе го превземе кормилото на спрската селекција.

“Орлите“ останаа без селекторот откако не успеа да се пласираат на Европското првенство во Полска и Украина. Други кандидати освен тренерот на АПОЕЛ, Јовановиќ се Љубиша Тумбаковиќ и сегашниот В.Д селектор Радован Чурчиќ.

Мх.П.