Кипарскиот преставник во Лигата на Шампиони, АПОЕЛ и македонскиот интернационалец по првиот 1/8 финалем меч одигран на “Жерланд“ имаат негатива од 1-0, единствениот погодок на натпреварот го постигна Лазате во 55-та минута.

– Се трудевме да го задржиме Лион што подалеку од нашиот гол, за жал само еднаш не успеавме и примивме гол, кој на крајот се покажа пресуден. Во овој двомеч ништо не е завршено, сега ни престои реваншот пред нашата верна публика – истакна Тричковски.


Македонскиот репрезентативец во поразот од Лион го одигра целиот натпревар. Реванш дуелот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионо се игра на седми март.

Мх.П.