По убедливиот триумф над Азербејџан, македонската фудбалска репрезентација во базата во Австрија се подготвува за втората тест средба против селекцијата на Романија која во сите четири досегашни меѓусебни натпревари забележа исто толку победи.


Дебитираше со погодок – Тричковски

Напаѓачот Иван Тричковски кој ја затресе противничката мрежа во дебитантскиот натпревар е пресреќен поради повикот на селекторот Јонуз и начинот на кој тој му се оддлолжил.

– Нема ништо подобро кога на дебитантскиот настап за својата репрезентација ќе одиграш добро и постигнеш гол, и на крај ќе прославиш победа. Се надевам дека ги исполнив задачите што ми беа зададени на овој натпревар на кој одигравме квалитетно и според договорот. Ќе дадам се од себе и на следните натпревари и ќе постигнам уште многу голови во националниот дрес со што ќе придонесам Македонија да продолжи со успешната серија на резултати. Атмосферата тука во Австрија и во тимот е одлична. Соиграчите, иако повеќето се со многу поголемо искуство одлично ме прифатија и со нивните совети и подршка многу ми помогнаа во брзата адаптација во репрезентацијата што ми даде дополнителен мотив да ги потврдам моите квалитети на теренот и за тоа сум им многу благодарен- изјави Тричкоски за сајтот на ФФМ.

Ohridnews