Настапот на Тричковски за македонската селекција на престојните квалификациски натпревари е доведен под знак прашалник. На дебито за новиот клуб Тричковски одигра само 45 минуту и ја напушти играта.
Клубот на македонскиот репрезентативец Бриж успеа да го совлада Монс, но за македонската јавност и новиот селектор Јаневски сигурно загрижува повредата на Тричковски.
Македонија првиот натпревар од квалификациите го игра против Хрватска на седми септември додека вториот четири дена подоцна со Шкотска во Глазгов.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com