– Како и на секој натпревар така и овој со Ирка одиме да оствариме позитивен резултат, не очекува пеколна атмосфера на физички и на психички план. Посебно на физички план треба да “изгиниме“ на теренот за да постигниме први гол а на психички поради неповторливата атмосферата пред полниот стадион во Даблин а сите знаеме какви навивачи се ирците – за “Ohridnews“ изјави офанзивецот Тричкоски.
Ирците предводени од италијанецот Џовани Трапатони не остапуваат од познатата и препознатлива игра – “Детелините“ играат човек на човек, дуел играта му е јака страна како и долгите топки. Ние спремаме контра игра со катки подавања и пасови да ја чуваме топката во наши нозе и да ја оствариме нашата цел – истакна популарниот “Тричко“.