Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, по повредата на раката се врати во составот на АПОЕЛ во супер дербито со АЕЛ. Токму  со голот “Тричко“  во судиското продолжение, АПОЕЛ стигна до вреден триумф во одбраната на тронот во кипарското првенство.

Бодовната разлика на табелата е два поени, а АПОЕЛ во наредната рунда ќе може да го претекне АЕЛ, откако повторно ќе ги одмерат силите во кипарското првенство.

Мх.П.