Изработен е промотивен спот кој денови ќе се емитува на локалните електронски медиуми, а отпечатени се и еко – постери кои ќе бидат дистрибуирани до сите претшколски установи, основни и средни училишта и високо образовни и други институции.
Во рамки на Неделата на животна средина ќе се реализира проектот „Разубавување на централното градско подрачје Цветни балкони – Цветен Охрид“ . Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите на централното градско подрачје кои живеат во стариот дел на градот како и на улиците: Кеј Маршал Тито, Македонски Просветители, Гоце Делчев ( од првиот чинар до вториот чинар), Даме Груев ( од ул.Македонски Просветители до пресекот со бул.Туристичка) и бул.Туристичка (од Охридска Банка до Маркет Макси Д ). Делењето на цвеќињата ќе се изврши на 01и 02 .06. 2010г од 10 до 13 часот на локација помеѓу ТЦ „Амам“ и комплексот „Летница“ – Охрид . Граѓаните од горе споменатите улици цвеќето ќе можат да го подигнат со лични документи за идентификација.
Со цел анимирање на пошироката јавност за проблемите во врска со животната средина ќе бидат организирани две трибини за состојбата со крајбрежјето на Охридското Езеро, на 02.06.2010г. во 13часот и на 04.06.2010г. во 10часот во просториите на Општина Охрид на кои ќе бидат присутни експерти и релевантни чинители кои ќе дадат свој осврт и насоки за решавање на горливите проблеми.