“Жената и нејзиниот одбрамбен механизам” е името на трибината која во организација на женскиот центар  Бисера ќе се одржи денеска во Охрид.


Трибината која е посветена на здравјето на жените ќе ја води Д-р Цветанка Гасоска, а на неа  учествуваат сите заинтересирани припаднички на женската популација. Трибината ќе започне во 19 часот, во просториите на Црвен крст во Охрид.

OhridNews