Во рамки на одбележуавање на Денот на здарството и согласно програмските активности, женскиот центар “Бисера” денеска организира предавање на тема: „Превенција и заштита од рак на дебелото црево“
На оваа тема ќе говори д-р Ацо Размоски, а предавањето ќе се одржи во просториите на Црвениот крст Охрид со почеток во 19:00 часот.
Ракот во последно време зема се поголем замав, а оваа болест по кардиоваскуларните заболуавања е втора причина за смртност во земјава. За причините за појава на рак и начините напревенција на оваа болест ќе стане збор на вечерашната трибина.
ohridnews