Експерти од повеќе области ќе земат учество на трибината посветена на актуелната  хидролошка состојба на Охридскотo Езеро, што ќе се одржи во организација на локалната самоуправа.

На трибината, како што е најавено, поканети се експерти од Хидробилошкиот институт, Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридското Езеро, геолози, биолози, претставници на Спортското риболовно друштво„Свети Апостол Петар“, претставници на Друштвата за подводни активности, хидроинжинери, архитекти, претставници на „Проаква“ и други.

На трибината ќе се дискутира за причините и последиците за зголемениот водостој на Охридското Езеро чие ниво вчера се искачи на 21 сантиметар над максимумот.

Ohridnews