Законот за Рамномерен Регионален Развој ќе биде презентиран на трибина што денеска ќе се одржи во Охрид.
На трибината на која ќе учествуваат преставници на општините од Југозападниот плански регион, ќе бидат презентирани експертските согледувања на развојните приоритети на овој регион.
На трибината ќе стане збор и за подготовката на стратегијата за рамномерен регионален развој , која се очекува до крајот на годината да биде изготвена во форма на нацрт план.
На трибината учество ќе земе и министерот за локална самоуправа, Абдираман Мемети.