„Превенција и изнаоѓање на решенија за проблемите со кои се соочуваат семејствата од ранливите категории на граѓани во Охрид“ е насловена трибината која ќе се одржи денеска во подрачната единица на АД за Изградба Стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија.
Според најавите, на трибината освен претставници од ова Акционерско друштво, ќе учествуваат и претставници на општина Охрид, Одделот за превенција при СВР Охрид, претставници ја општинските јавни претпријатија, Центарот за социјални работи од Охрид и претставници од ЕВН Македонија.
OhridNews