Предлог Законот за утврдување на најниска плата во Република Македонија е тема на трибината што во организација на ОО СДСМ ќе се одржи вечерва во 19 часот  во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Според најавите на трибината ќе говори Радмила Шекеринска, претседател на СДСМ. Таа ќе го образложи  предлогот на социјалдемократите кои покренаа иницијатива за донесување  закон со кој ќе се гарантира најниската плата во државата, која според партијата треба да изнесува 8.100 денари.

ohridnews