“Невработеноста како социјален ризик, решенија и алтернативи”  , ќе биде темата на трибината што, во организација на НВО “Светла иднина”, ќе се одржи в надела, во Големата сала на Општина Охрид.

Трибината која ќе започне во 13 часот ќе опфати  предавања и дебати за претходно споменатата тема. Целата на оваа трибина е синтеза на мислењата на граѓаните и институциите на системот, во рамки на решавање на проблемот со невработеноста. На трибината, покрај граѓаните од социјално загрозените групи, ќе земат учество и претставници од Охридската Агенција за вработување, Центарот за социјална работа од Охрид, Локалната самоуправа и други фирми и јавни претпријатија.

Ohridnews