Охриѓани на трибина што ќе се одржи денеска во Центарот за култура ќе можат се запознаат со правните процедури во просецот на денационализација и откуп на државното земјиште.

На трибината, што ја органзира ВМРО ДПМНЕ, ќе стане збор и за Законот за домување, како и за користење на бесплатна правна помош.

На трибината која почнува во 17 часот, на прашања од заинтересирани граѓани ќе одговараат преставници на Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Агенцијата за катастар и недвижности и Централниот регистер.

OhridNews