Младински Центар Охрид во соработка со Здружението на ветерани од одбраната и безбедност Охрид, организира трибина повод Денот на АРМ -18-ти Август. Присутни ќе бидат дел од ветераните на АРМ, млади лица и претставници од институциите, информираат од МЦО.

Програмата започнува со посета на Спомен собата на Шестата Македонска Народноослободителна бригада која се наоѓа на приземјето во касарната.

Потоа следува трибината на која ќе говорат генерал Филип Котели (Формирање на АРМ), пол. Павле Момировски- Формирање на шестата пешадиска бригада Охрид, пор. Наумче Милошески – Обезбедување на државната граница (преземање на караулата и формирање гранични единици), пол. Кемо Ѓозо – Интегрирање на припадниците на ЈНА во АРМ, пол. Добре Вељаноски – Формирање на првата единица на касарната во Охрид.

Предвидена е и проекција на видео запис од формирањето на АРМ – првата заклетва во Касарна Охрид. Настанот ќе се одржи вечерва со почеток во 18 часот во Младински Центар Охрид (Conference room).

OhridNews