Градоначалникот не треба да се занимава со висока политика, туку треба да се грижи за потребите на граѓаните и градот. А успехот од водењето на таа грижа еден ден ќе му овозможи влез во повисоката политика“ рече Снежана Пирузева, дипломиран правник, на денешната трибина на тема „Каков градоначалник ни е потребен“.

Според Пирузева, на Охрид му е потребен граночалник, налик на Рудолф Џулијани.

„Да не се форсира урбанизмот каде што треба и не треба, а законот да се спроведува во секој поглед. Охрид треба да личи на урбан центар“, ова го рече Никола Точко, архитект од Охрид.Во образложението каков треба да биде идниот градоначалник, Точков рече дека тој треба да има коректен однос кон граѓаните и да ги исполни обврските преземени во рамките на кампањата.


„Секој граѓанин којшто има право на глас носи своја одговорност и кога треба да го даде својот глас за еден од кандидатите, треба да има апсолвиран став по однос на тоа што очекува од идниот градоначалник“, подвлече адвокатот Драган Гоџо.

„Во овие 14 години колку што сум на факултетот за туризам и угостителство, ниту еден градоначалник не дошол и не побарал некаква стручна помош или консултации“, рече на трибината доцент доктор Цветко Андреевски.


На тема „Каков градоначалник ни е потребен“ денеска дискутираа и Петар Бачев,л екар по професија и  Љупчо Патче, угостител од Охрид.

Трибината ја организираа Младинскиот совет на Охрид, Извидничкиот одред „Бран“ и алијансата АЛКООП.

Ohridnews