Водечките луѓе на Училишните спортови од Србија, Словенија, Хрватска и Македонија заедно со Генералниот секретар на Светската интернациоанална федерација за училишни спортови Јан Кулер на трибини дебатираа за и околу „Гимназијадата“ во Охрид.
– Сите идни градови домаќини на „Гимназијадата“ ќе треба да го следат примерот на Охрид. Фасциниран сум од вниманието кое одговорните го имаат посветено за организација на оваа манифестација – рече Јан Кулер.
На трибината излегување имаа сите присутни и никој не штедеше зборови за градот домаќин.
– Од година во година внесуваме многу новини во „Гимназијадата“. На дебата имавме доста добра тема на разговори како за проширување на спортовите и моделот на натпреварување. Искуството на нашиот гостин од Светската федерација кое ни го пренесе многу ќе ни значи за понатаму – рече претседалот на македонската федерација, Туфекџиски.
Една од новините во „Гимназијадата“ ќе биде тоа што на секоја четврта година ќе се воведуваат спортовите гимнастика, пливање и скијање.
Мх.П.