НУ Библиотека „Григор Прличев“ во соработка со Лајонс клубот „Деница“ од Охрид денес во 12.30 часот ќе одржат трибина на тема: „Женското здравје и менопаузата“.

Предавач ќе биде д-р Катерина Попоска, гинеколог во Општа болница – Охрид. Трибината е отворена за сите, а ќе се одржи во „Прличевата одаја“на библиотеката, информираат организаторите.

Денешната триба е дел од трибините под наслов „За поубав свет“ кои ќе ги реализираат НУ Библиотека „Григор Прличев“и Лајонс клубот „Деница“ во рамки на проект поддржан од Министерството за култура.

На предвидените трибини ќе се обработуваат теми од животот и секојдневието користејќи ги личните искуства на присутните, но и предавања на стручни и компетентни лица. Темите ќе бидат сврзани со читањето книги, односот меѓу родителите и децата, односот кон професионалните заболувања, одбележување на разни годишнини сврзани со личности од Охрид, односот на луѓето кон лицата со посебни потреби итн.

OhridNews