Целта на оваа трибина е да се разгледаат нивото и состојбите во Охрид, Струга и Вевчани во однос на семејното насилство. Во таа насока ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето, спроведено во текот на 2010 год во рамките на програмата на УНФПА за „Јакнење на националните капацитети за превенција од семејно насилство“.
Трибината се очекува да даде понатамошни насоки за зајакнување на улогите на Владиниот и граѓанскиот сектор во функција на заедничко делување и промовирање на мерките за борбата против семејното насилство.
Трибината ќе се одржи во среда во 11 часот во струшкиот хотел Солферино.