Tрибина сo наслов: „НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ Е ПОТРЕБНО СЕМЕЈСТВО“, ќе се одржи утре (петок) во Охрид.

Трибината се одржува во рамки на проектот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид со подршка на Владата на РМ и Министерството за труд и социјална политика, за да се се информира пошироката јавност за формата и начинот на сместување во згрижувачко семејство, а со цел поголемо стимулирање на заинтересираните граѓани да станат потенцијални згрижувачки семејства, како и нивно запознавање со бенефитите кои згрижувачките семејства ги користат. 

Трибината ќе се одржи во Големата сала на општина Охрид на 25.09.2015 г. во 12.00 часот.

OhridNews