Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и високата школа за туризам од Довил – Франција, ќе воспостават блиска соработка, која треба да придонесе за подобра искористеност на туристичките потенцијали на Охрид. За ова денеска се дискутираше на тркалезната маса, што се одржа во амфитеатарот на ФТУ-Охрид.
Во таа насока двете вискообразовни најавиија дека заеднички ќе работат на научни проекти, а се разговарало и за размена на студенти, што ќе биде од особена корист за младите македонски менаџери бидејќи ќе имаат можност да ја запознаат Франција која е високо развиена туристичка земја.
Раководството на ФТУ Охрид изрази задоволство од вопсоставувањето на соработката со сродната институција од Довил, особено и поради фактот што овој француски град е сличен на Охрид по својата култура и историја.
Гостите од Франција искажаа воодушевување од природните убавини на Балканскиот Ерусалим, најавувајќи дека понатамошната соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид ќе биде од взаемна корист.