Асоцијацијата на Спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ и Триатлон федерацијата на Македонија со организацијата на Европскиот куп и Балканското првенство во Триатлон на градот Охрид му додадоа ново спортско поглавје од светски размери. На Триатлонот учествуваа вкупно 260 натпреварувачи од речиси сите европски земји и во сите возрасни категории.

Ваков вид на спортски настани каде што Охрид ќе биде презентиран во цела Европа и пошироко заслужуваат повеќе поддршка, бидејќи нашиот град треба да се развива во чекор со другите светски метрополи кои немаат вакви предуслови.

OhridNews